СМЕТКОВОДСТВО

Нашата стручност и долгогодишно искуство во сметководство и управување со даноци се Ваша гаранција за исполнување на законските обврски и одговорности. Дозволете ни да бидеме Вашиот надворешен сметководствен и финансиски тим кој ќе се стреми кон намалување на Вашите трошоци и оптимализација на даноците во согласност со сите законски барања и прописи.

Ние ги нудиме следните услуги од областа на сметководството и управување со даноци:

Книговодствени услуги

  • Евидентирање на сите финансиски трансакции и пресметки

  • Прибирање на целокупната документација на месечно ниво

  • Прибирање и обработка на финансиската документација потребна за пакетот на извештаи

  • Контрола на исправноста на добиената документација

  • Книжење според дневно извршените трансакции во согласност со сметководствените принципи МСС/МСФИ

  • Усогласување на месечните, квартални и годишни биланси со соодветната документација, вклучувајќи ги изводите од банката, меѓукомпаниските извештаи и сите останати релевантни извештаи

  • Ажурирање и водење регистар на основни средства, со задолжително месечно усогласување на главната книга и регистарот

  • Усогласеност на документацијата и книжењата со МСС/МСФИ и локалната законска регулатива и прописи.

Услуги на усогласување со законската регулатива

  • Усогласеност со локалната регулатива на сите статутарни извештаи како и доставување на истите во рамките на законски предвидените рокови

  • Советување на клиентите и доколку е потребно обезбедување на мислење од надлежната институција

  • Обезбедување на услови со цел ревизијата да се извршува во согласност со потребите на клиентот и зададените рокови и локалното законодавство

  • Давање неопходна поддршка и асистирање во процесот на ревизија

  • Консалтинг од доменот на финансии и сметководство, како и девизно работење


Усогласеност со даночните прописи

  • Подготовка и поднесување на сите даночни пријави и поврзани со нив пресметки предвидени со Законот за данок на добивка, Закон за данок на додадена вредност, Закон за персонален данок на доход, Закон за данок на имот и останати релевантни прописи од оваа област.
    За подетални информации за даночната регулатива во Република Македонија, посетете ја веб-страницата за Даночна регулатива на Управата за Јавни Приходи.

Подготовка на Извештај за трансферни цени

  • Согласно член 12-а став 1 од Законот за данокот на добивка, даночните обврзници кои имаат трансакции со поврзани страни - нерезиденти и кои во текот на годината оствариле вкупен приход во износ од 300.000.000 денари се должни да изготват Извештај за трансферни цени и истиот да го достават до Управата за јавни приходи најдоцна до 30-ти Септември во тековната година за претходната година.

    Исклучок од обврската за изготвување на Извештај за трансферни цени имаат даночните обврзници кои имаат трансакции помеѓу поврзани лица резиденти на Република Северна Македонија и даночните обврзници кои во текот на годината оствариле вкупен приход во износ до 300.000.000 денари.

    Доколку обврзниците кои имаат обврска да изготват и достават Извештај за трансферни цени оствариле трансакции со поврзани лица кои во тековната година не надминуваат 10.000.000 денари, се должни да поднесат извештај во скратена форма.